По повод 75 годишнината на постоење на Стопанска Банка АД Битола, се одржаа повеќе свечености за одбележување на јубилејот. На свеченоста одржана на 20.09.2023 во Интермецо бар во Скопје, Стопанска Банка АД Битола му додели плакета за лојалност на Глобал Моторс ДООЕЛ Скопје. После 11 години соработка ова беше големо признание на нашата компанија. Наградата ја додели г-ѓа м-р Александра Радевска член на управен одбор Стопанска Банка АД Битола на Горан Миневски-сопственик и управител на Глобал Моторс ДООЕЛ Скопје.